Поранешниот член на социјалистичката партија на Србија Бранислав Ивковиќ тврди дека Зоран Ѓинѓиќ, прерипувајќи низ „покривите на зградите во населбата Врачар“ преговарал со Мирјана Марковиќ и дека поранешниот премиер ги советувал неа и Слободан Милошевиќ да одат во Пожаревац откако ќе паднат од власт.
Мирјана Марковиќ ми ја објасни технологијата како и Ѓинѓиќ биле во зградата во Врачар која имала два влеза, во едниот влегувал Мира, а во другиот Зоран, но тој за да стигне до таа зграда, мораше да оди преку некои покриви откри Ивковиќ.
Тој наведува и дека при апсењето на Милошевиќ му однел писмо на Мирјана Марковиќ на Ѓинѓиќ, како и дека разговарал со премиерот во Собранието, во кабинетот на Чедомир Јовановиќ, првиот човек на пратеничкиот клуб ДОС.
Ивковиќ тврди дека Ѓинѓиќ тогаш му рекол „Бане, јас брачната двојка Милошевиќ)ги молев да одат во Пожаревац, да ги затворат прозорците, да ги затворат ролетните да молчат и оти само така имам шанса да ги спасам. Но, не, тој остана во политиката, ми го пикна прстот во око и ќе имам проблем со тоа“-му се поверил Ѓинѓиќ на Ивковиќ.
Comments are closed for this post.