Сопругата на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ кремирана е денеска во салата за погребни церемонии во болницата на Федералната служба за безбедност, каде пред пет дена почина на 77 годишна возраст.

Во болницата присуствуваат нејзиниот син Марко, ќерката Марија и други членови на семејството, пријатели од странство, како Сергеј Бабурин, поранешен заменик на претседателот на руската Државна дума.

Мира била кремирана во 11 часот, а пепелта ќе биде поделена во три урни, една ќе земе Марко, втората Марија, а третата ќе биде испратена во Србија и положена покрај Слободан Милошевиќ во Пожаревац.

Урната со нејзините посмртни останки во Србија ќе ја донесе Драгомир Кариќ. Како што се наведува, тој урната ќе ја предаде на здружението „Слобода“ и таа во петок ќе биде сместена во семејната куќа на Миложевиќ во Пожаревац.

Желбата на Мира Марковиќ била да биде кремирана, а нејзиното семејство и го исполни тоа како последна желба.