На почетокот на март во 1999 година, само еден месец пред бомбардирањето на Србија, Слободан Милошевиќ преку својот генерал во Пентагон испратил последна понуда за да ги спречи воздушните напади.

Но, челниците на САД и на НАТО не биле премногу заинтересирани и сликовито објасниле дека „возот веќе тргнал од станицата“, пишува „Република.рс“.

Во понудата Милошевиќ нудел СР Југославија да влезе во НАТО, а Косово да добие широка автономија каква што дотогаш не била видена. Албанците самите требало да ги бираат судиите и обвинителите а Парламентот на Косово да биде дводомне со албанско мнозинство.

Фото Пресинг тв

Милошевиќ нудел и инвестиции на Косово а албанските политичари да не бидат кривично гонети, но сето ова не било доволно за САД.