Поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ вели дека неговиот претходник Фрањо Туѓман бил импресиониран од неговиот политички противник Слободан Милопевиќ иако во јавноста создава впечаток дека постојано се во конфликт.

Во 1991 година од Белград дошла стручна екипа од полицијата која инсталирала телефон кој бил само за врска помеѓу Туѓман и Милошевиќ и таа линија функционирала беспрекорно цело време.

-Додека ние војувавме на живот и смрт таа линија функционираше. Јас тој телефон го најдов 2000 година кога бев избран за претседател. Ги прашав службениците што е тоа и тие ми рекоа дека тоа било директна вреска меѓу Туѓман и Милошевиќ. Кога сакав да му се јавам на Милошевиќ никој не ја знаеше шифрата. Тој се уште беше на власт-открива Месиќ.