Во српските медиуми протекоа доверливи документи кои потврдуваат дека Слободан Милошевиќ не требало да биде испорачан во Хаг ниту пак да се гони неговото семејство.
Како гарант биле потписите на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, како и на поранешните претседатели Милан Милутиновиќ и Војислав Коштуница.Потпис ставил и некогашниот лидер на „Отпор“, Чеда Јовановиќ.
Адвокатот Тома Фила открива дека веднаш по апсењето на Слоба му дал до знаење дека овие потписи не му вредат ништо и дека овие луѓе сигурно ќе го испорачаат во Хаг што се случило по сам три месеци по неговото апсење.
Милошевиќ најголема доверба имал во Ѓинѓиќ но и тој бил под голем притисок од западните сили Слобо по секоја цена да завррши во Хаг.
Comments are closed for this post.