Новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека со прашањето за пристапување кон Отворениот Балкан ќе се занимаваат идната влада и Парламентот и дека неговата политичка позиција е јасна – „подобро е да се биде дел од Отворениот Балкан. отколку затворен Балкан“.
„Идејата за Европската унија (ЕУ) е создадена како идеја за регионална економска соработка околу Бенелукс, Германија, Франција и Италија. А на Балканот, кога зборуваме за европска интеграција, често забораваме на важноста на нашата регионална економска интеграција. Подобрувањето на односите и регионалната соработка е нешто за што отсекогаш сум се залагал како економист“, изјави Милатовиќ за НИН, зборувајќи за иницијативата Отворен Балкан.
Comments are closed for this post.