Треба да се олесни процесот на доближување на Западен Балкан до ЕУ бидејќи тоа е од стратешко значење за Унијата, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на прес конференцијата по средбата на врвот на иницијативата „Берлински процес“, пренесе ТАСС.
Според неа, ЕУ презема многу активности „за пријателите од Западен Балкан да можат имаат полесен пат до членството во Унијата“, се со цел оваа европска перспектива да стане реална.
Ако ја погледнеме картата ќе видиме дека земјите од Западен Балкан се дел од Европа, рече Меркел.
Одговарајќи на новинарско прашање за позицијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се противи на приемот на нови членки во ЕУ се додека Унијата не се реформира, канцеларката посочи дека овие процеси може да се реализираат и паралелно.
Го делам мислењето на претседателот Макрон за тоа дека механизмите на работа на ЕУ треба да се подобрат, рече Меркел, подвлекувајќи дека тоа, меѓутоа, не е повод за прекинување на преговорите за приклучување на новите земји кон ЕУ.
Таа посочи дека следната година Бугарија и Македонија ќе претседаваат со иницијативата „Берлински процес“.
Comments are closed for this post.