Небојша Медојивиќ во пресрет на утрешните парламентарни избори во Црна Гора во интервју за „Република“ говори за криминалот во Црна Гора, дали земјата конечно се ослободи oд владеењето на Ѓукановиќ , или пак добија нов Мило.
Црна Гора под власта на Ѓукановиќ стана сигурна куќа за белосветски криминалци и тој за 30 години изгради цел систем и логистичка база за функционирање на криминални организации.Тој основа своја банка заедно со својот брат која се вика „Прва банка“, ја контролираше службата за безбедност, царината, обвинителството, судовите. Црна Гора за време на Ѓукановиќ стана „хаб“ за светскиот организиран криминал. Мала земја во срцето на Европа, а Ѓукановиќ од Црна Гора направи Колумбија на Јадранот. По падот на Ѓукановиќ во 2020 година сите очекувавме промени, меѓутоа оваа структура која е поврзана со нарко и тутунскиот картел направи се да спречи Демократскиот фронт како најсилна партија да влезе во Влада поради овие причини.Проработеа нови млади луѓе како што е министерот за финансии Спајиќ кој прифати да го продолжи шверцот на цигари и перењето на цигари со тоа што тој Спајиќ кој е претседател на една нова партија „Европа сега“ доведе нови криминалци од светот на „Блок чејн“ и криптовалути што Ѓукановиќ како стар комунистички политичар не знаеше.Тоа е и врската со нарко картелот бидејќи сите сериозни безбедносни агенции знаат дека криптовалутите се користат за најсензитивните операции меѓу нарко картелите..Црна Гора наместо по падот на Ѓукановиќ тргне кон демократизација и чистење на земјата од мафија добивме верзија на Ѓукановиќ 2.0, односно Милојко Спајиќ кој на целиот криминал кој Ѓукановиќ го „засади“ ги додаде крипто валутити и белосветските криминалци и сега имаме афера дека кај нас се наоѓа Do Kwon, еден од најголемите преваранти со крипто. Значи да резимираме, по Ѓукановиќ имаме „ крипто Ѓукановиќ“во ликот на Спајиќ кој за жал поради некои полулистички мерки и зголемување на мининалната плата на база на задолжување има одредена популарност.Црна Гора сега влегува во нова криза и надограден Ѓукановиќ.
Comments are closed for this post.