Здружението „Чемерија“ најави дека во сабота во Приштина ќе организираат марш за поддршка за обедивање на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со Косово.
Најавата ја објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Бујановац, Шаип Камбери, велејќи дека очекува на маршот да учестуваат Албанци „од сите албански земји“.
Во сабота 10 ноември, здружението „Чемерија“ на Косово организира марш за поддршка за обединување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со Република Косово. Насобраните Албанци кои ја поддржуваат оваа мировна манифестација ќе бидат пред Националната библиотека во Приштина во 11 часот, од таму почнува маршот кон плоштадот Мајка Тереза, напиша Камбери.
Comments are closed for this post.