Србија реши да се фати во костец со бахатите трговци и конечно да застане на пат на превисоките маржи во српските продавници. На списокот произвoди кои трeба да се вратат во рикверц се кафето, медицинските средства и лекови кои не се на позитивната листа, но и козметичките производи.
Листата ќе се прошири ако после деталната проверка на сите министерства се утврди дека поедини фирми или поединци влијаат на високите цени. Целта, како што за српски Курир, навел премиерот Милош Вучевиќ, е да се стави крај на монополистите кои во претходниот период од државните органи имаа одобрение да го држат монополот на пазарот.
За Вучевиќ, „осино гнездо“ кое мора да се растури е монополот врз кафето, кој го има фирма од соседството на Србија.
Comments are closed for this post.