Државјанин на Србија (47) кој живее во Германија е уапсен во Берлин под сомнение дека на 20 март минатата година украл накит и часовници вредни повеќе од 350.000 евра пред колекционерскиот саем во градот Клостернејбург, во австриската област Тулн. По апсењето по меѓународна потерница на 12 јануари, тој беше предаден на австриските власти.
Според зборовите на жртвите, уапсениот украл торба во која имало неколку вредни часовници и висококвалитетен накит, од кои највреден бил дијамантски брош.
Comments are closed for this post.