Ние не водиме историски спорови, ние водиме спор за фалсификувањето на историските факти и настани.
Ова меѓу другото во утринската емисија на БТВ го изјави сопственикот на агенцијата БГНЕС, Љупчо Нешков, по усвојувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент.
-Никој не спори дека Гоце Делчев постоел и дека имало Илинденско востание. Но, како Никола Димитров тврди дека никој нема право да му го оспорува идентитетот, впрочем тој си има проблем дома. Зашто, татко му вели дека најголем грев во Македонија е да си Бугарин. Тој таму треба да си го решава идентитетот. Но, вие немате право на починатите, чија водилка била бугарската етничка свест, по сто години да им ја менувате. Тој став е проблемот, а не некој историски спор. Што треба да правиме, да земаме ДНК од останките на Гоце Делчев, изјави Нешков.
Нешков посебно внимание обрна на последниот извештај на институтот ИФИМЕС од Љубљана, притоа потенцирајќи дека изнесените ставови во него се дело на старите УДБ-ашки структури на маршалот Тито. Тој посочува дека првите луѓе на институтот се наоѓаат на платниот список на македонската влада како советници на премиерот Зоран Заев.
Comments are closed for this post.