На социјалните мрежи се појави видео на кое лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас му се заканува на полицаец во цивил кој беше задолжен за безбедноста на протестот. Неговата група во еден момент му се доближи на полицаецот и почна да го навредува.

Што ќе работиш утре, да те прашам, кога ќе се промени власта. Застани немој да бегаш – му се закани Ѓилас на полицаецот додека тој зборуваше на мобилен телефон.