Синоќешните протести во Белград ги предводеше лидерот на опозицијата, Драган Ѓилас, кој на протестот пред Јавниот сервис се туркаше со полицијата барајќи да влезат и во главните вести да го кажат својот став. Тие се незадоволни како РТС известувал за нивните протести.

Тие бараат претседателот Александар Вучиќ да си замине на власт, но не бараат избори бидејќи се свесни дека во овој момент имаат мала поддршка кај гласачите.

Ѓилас е поранешен градоначалник на Белград и еден од најбогатите луѓе во Србија.