Црна Гора годинава донесе ново правило во користењето на плажите кое ќе ги израдува нејзините гости. Имено, после 17 часот користењето на лежалките и чадорите за сонце на јавните и другите плажи, освен хотелските, ќе бидат потполно бесплатни.
Не е пристојно да наплаќаме полна цена за користење на инвертарот на плажа на посетителите кои ќе пристигнат после пладне“, изјави Предраг Јелушиќ, директор на ЈП за управување со морските добра.
Од годинава, според новиот Правилник за уредување на капалиштата и плажите, а кој е усвоен пред два месеци, од оваа година на секоја плажа ќе биде поставена информативна табла.
На неа, како што објаснува Јелушиќ, ќе биде истакнато кое е работното време на плажа, која е цената на лежалките и чадорите, квалитетот на водата која ќе се мери на секои седум до 10 дена и видот на плажата – дозволена за миленици, нудистичка, јавна или хотелска плажа.
Comments are closed for this post.