За разлика од претседателот на Косово Хашим Тачи кој избра луксузен одмор во Бодрум, довчерашниот премиер Рамуш Харадинај избра скромен одмор. Тој замина на село во Црна Гора каде што живее неговиот вујко.

Харадинај отиде да виде како напредуваат работите на изградата на автопатот Подгорица-Гусиње која ги поврзува Црна Гора и Косово во должина од 60 километри.