Два лета кои се одложени од приштинскиот аеродром поради штрајк на вработените, кој трае веќе трет ден, денеска се реализирани од аеродромот во Скопје, објави порталот „Газета Експрес“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по вчерашниот и завчерашниот двочасовен штрајк, вработените денеска штрајкуваат шест часа, а најавуваат дека ќе продолжат и во следните денови.
Синдикатот на вработените на аеродромот „Адем Јашари“, меѓу другото, од раководството на аеродромот бара компензација и бенефити поради ризикот на работата и елиминирање на разликите во платите.
Поради штрајкот има голем број доцнења и одложени летови, што предизвика метеж и незадоволство кај патниците на приштинскиот аеродром.
Comments are closed for this post.