Милорад Улемек Легија тврди дека апсењето на Слободан Милошевиќ е дебело наплатено од страна на тогашната власт на Зоран Ѓинѓиќ. Според него, намерно е пуштена информација дека Земунскиот клан сака да го упаси Милошевиќ бидејќи на тој начин власта не би можела да ги земе ветените 5 милиони долари од Американците.

Легија во 2001 година командант на ЈСО бил ранет пред вилата „Мир“ каде се апсел поранешниот претседател  и за чие апсење Американците нуделе награда.

Нас  не пратија во цивилна облека наместо во униформи за интервенција.Требаше да ги глумиме „Земунците“ а тој Земунски клан не ни постоеше тоа време.Тој настанува дури  во август 2002 година, раскажува Легија кој тврди дека бил ранет во акцијата.