Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа најавената дводневна посета на Србија, откако Бугарија, Македонија и Црна Гора не дозволиле прелет на авионот со кој Лавров требало да допатува.

Руската инвазија на Украина ја натера Европската Унија да го затвори својот воздушен простор за руските авиони, на што се придружија и бројни други држави.