Европската унија ќе биде комплетна дури во оној момент кога државите од Западен Балкан ќе бидат нејзини членки, изјави австирскиот канцелар Себастијан Курц за време на Конференцијата „Балканот и ЕУ – Петогодишен циклус на Берлинскиот процес” што се одржува во Будва.
Курц наведе дека интеграцијата може да функционира единствено преку соработка во политиката и во економијата.
Долгорочна стабилност и безбедност за регионот и за ЕУ можат да бидат обезбедени само ако овој регион биде дел од Унијата – тоа не се соништа, туку сме на добар пат, посочи Курц.
Австрискиот Канцелар додаде дека мигрантската криза покажа дека Балканот одлучува за случувањата во цела ЕУ.
ЕУ перспективата за Западен Балкан изгледа подобро од кога било. Земјите од регионот се на добар пат кон Унијата – истакна Курц.
Comments are closed for this post.