Откако е најави оставката премиерот Заев почна и да ги откажува најавените активности во странство. Весникот „Ало“ пишува дека тој нема да патува на 3 и 4 ноември во Белград на состанок на регионалната иницијатива „Отоврен Балкан“ каде требаше да се сретне со претседателите на Србија и Албанија Александар Вучиќ и Еди Рама.

Недоаѓањето на Заев е веќе потврдено а Вучиќ прашал дали поради последните случувања во Скопје состанокот треба да се одложи.

Доколку сепак средбата се одржи не е исклучено во Белград да отпатува претседателот Пендаровски кој денеска во Глазгов се среќава токму со Вучиќ и Рама.