Дарко Младиќ, синот на генералот Ратко Младиќ зборувајќи за смртта на неговата сестра ги отфрли тврдењата дека таа извршила самоубиство

Според официјалната верзија, Ана Младиќ извршила самоубиство во семејната куќа на 27 март 1994 година.

Дарко Младиќ изјави и дека Клара Усон, шпанска писателка која напиша книга за неговата  сестра со наслов „Ќерката на истокот“, во која таа тврди дека се самоубила, всушност работела во Хаг и профитирала од продажбата.

Тоа се лажни приказни.Изворот на сите овие информации е во хашкото обвинителство,  Целиот роман е за тоа како Ана е воодушевена со својот татко но кога ќе дознае дека тој е воен злосторник, не може да издржи и се самоубива. Пред да го напише тој роман, работела во хашкото обвинителство како соработник. Подоцна објавила книга и направила профит. Ова покажува дека систематската работа против Ратко Младиќ траела со децении – изјави синот на генералот.

Дарко, како и неговиот татко, е сосема сигурен дека Ана не се самоубила, туку дека е убиена. Тој истакна дека тоа бил исклучително тежок момент во нивниот живот.

  Не е точно дека ја спречил истрагата за убиството на Ана. Едноставно не дозволи да се изврши обдукцијата и на тој начин дополнително беше повреден – рече Дарко и негираше дека по смртта на Ана, Ратко станал суров.

– Не е точно дека стана уште посуров, никогаш не беше суров, беше исклучителен професионалец. Се вратил на бојното поле и не беше забележана промена во начинот на извршување на неговата команда – изјави Дарко.