Германските обвинители денеска соопштија дека 21-годишниот Северин Красимиров кој е главен осомничен за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, го признал злосторството за време на испрашувањето. Осомничениот признал дека бил под дејство на алкохол и наркотици во моментов кога влегол во расправија во непозната жена во паркот во градот Русе. Красимиров изјавил дека најпрво ја удрил по лицето, а потоа и ја отфрлил во грмушки, но „немал намера да ја убие“.

Красимиров ќе биде екстрадиран во Бугарија во следните 10 дена.

Телото на 30-годишната Маринова беше пронајдено во саботата во паркот каде отишла да џогира. Истрагата утврди дека била и силувана.

Осомничениот се дал во бегство.   Прво отишол во Романија, а оттаму отпатувал во Германија каде живееле неколку негови роднини.

Бугарската полиција  пронашла работи кои и припаѓале на Маринова во домот на осомничениот. Неговата ДНК била пронајдена и на нејзиното тело.

Ноќта на 10 октомври, 21 годишниот бугарски државјанин Северин Красимиров е уапсен во Германија под сомнение дека ја силувал и убил 30 годишната Викторија Маринова, уредничка и водителка на TVN.

Германските обвинители велат дека во сведочењето на Красимиров не пронашле „никаква политичка мотивација“ за убиството.

Мајката на 20 годишниот Бугарин рекла дека синот и признал дека е виновен, пренесоа бугарските медиуми.

Призна дека тоа го направил додека бил пијан и многу дрогиран, му рекла Надежда Красимирова на бугарски новинар во Германија акде живее.

Призна и почна пред мене да плаче. Тој не е таков, не можам тоа да го разберам“, додала таа.