Енергетиката и енергетската стабилност во регионот се очекува да бидат во фокусот разговорите на премиерите на Северна Македонија и Грција Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба во Атина, јави дописничката на МИА.
Владина делегација од Северна Македонија предводена од премиерот денеска е во работна посета на грчката метропола и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција.
На вчерашниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на средбата истакна дека тие секогаш се подготвени да им помогнат на земјите од регионот.
-Ние секогаш се стремиме за продлабочување на односите со нашите соседи и со Република Северна Македонија со предуслов да се почитува договореното со меѓународните договори кои постојат. Енергијата е најголемиот проблем со кој се сочуваат сите народи во Европа. Нашата земја им има енергетски помогнато на земји од регионот. Подготвени сме да видиме како ова може да се стори и со други земји. Сакаме да сме центар на енергетска стабилност, енергетска безбедност и претпоставувам дека преку утрешната дискусија ќе произлезат идеи и начини кои уште повеќе ќе ја зајакнат стабилноста и во енергетскиот дел пошироко во нашиот регион, рече Иконому на прашањето на МИА.
Средбата на двајцата премиери е закажана за 12 часот по локално време во премиерската палата во Атина
Comments are closed for this post.