Коста Кецмановиќ, момчето кое на 3 мај минатата година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ денеска ќе биде на распит во Специјалниот суд во Белград, на судењето на неговите родители Миљана и Владимир Кечмановиќ.
Момчето ќе биде сослушано како сведок, а ќе сведочи во посебна просторија, одвоена од судницата број еден каде ќе седат сите останати учесници во постапката.
Најголемата судница на Специјалниот суд во улицата Устаничка број 1 е поделена на три дела, така што во првиот седат судии, адвокати, обвинители и оштетени, а во вториот обвинетите. Третиот дел од судницата е резервиран за публиката и новинарите, но во овој случај судењето е затворено за јавноста.
Comments are closed for this post.