На социјалните мрежи се појави видео од денешната акција на косовските специјалци на северот на Косово. На снимката се гледа како припадник на РОСУ по апсењето на Србин во транспортното возило со прекрстени раце го покажува симболот двоглав орел за кој многумина мислат дека е провокација.

Албанците пак сметаат дека на таков начин ја изразуваат националната припадност.

Видеото е превземено од „Kosova press“