Опозицијата на Косово побара предвремени избори откако се слушнаа разговорите на Заев со лажните Порошенко и Столтенбер во кои тој говори за дијалогот Белград и Приштина и за можната размена на територии.

Заев денеска рече дека тој во разговорите говори она што било општо познато и дека со него никој не споделил информации за ова прашање, ниту косовската ниту српската страна бидејќи тоа е билатерално прашање.

Ние сме биле тука како пријатели да охрабриме решение, сите сакаме да има решение на проблемите. Европа го дефинираше прашањето со Грција, косовското прашање и проблемот што Босна и Хергеговина го има со уставното уредување. Детали никој не споделил со нас, сите зборуваме од тоа што читаме-објасни Заев.