Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон повтори дека организирањето на новогодишната ноќ како ништо да не се случува ќе биде погубно во борбата против коронавирусот и дека оние кои економски ќе загубат најмногу поради тоа сега се свесни за тоа.
Позицијата на медицинскиот дел е многу силна по тоа прашање. Слушнавте дека спомнавме и протест, изјави Кон за ТВ Прва.
На прашањето што значи тоа, тој одговори „Ништо, но тој збор значи“ и изрази надеж дека такво нешто нема да биде потребно, бидејќи на сите им е јасно дека не може да се дозволи масовен дочек на новогодишна ноќ, и ако сега направиме грешка, тогаш во средината на јануари бројот на заразени ќе почне да расте.
Comments are closed for this post.