Епидемиолошката состојба во Србија не е поволна и се влошува, изјавил епидемиологот Предраг Кон, наведувајќи дека денес се очекува нов рекорден број на нови инфекции.
Кон истакнал дека резултатот од вчера, кога биле регистрирани 341 новозаболен, треба да се земе со резерва, бидејќи се однесува на неделата, кога бројките се секогаш помали.
Многу наскоро, денес, ќе имаме нов рекорд, неславен, поголем број од кога било досега“, рекол Кон.
Кон, кој е исто така член на Кризниот штаб, додал дека зголемувањето се очекува да продолжи оваа и следната недела.
Ако успееме да го забавиме, тогаш тоа зголемување ќе продолжи во третата недела, но тогаш ќе се забави … Се надевам дека после тоа ќе можеме да ја израмниме кривата“, изјавил Кон како гостин на телевизијата „Пинк“.
Кон исто така очекува зголемување на бројот на хоспитализирани.
Пред нас е исклучително сериозен период. Тоа важи за цела Србија, но во моментов, најсериозната состојба е во Белград “, истакнал Кон.
На прашањето дали ќе има заострување на мерките, тој одговорил дека размислува за тоа и дека е јасно дека не може да седи со скрстени раце доколку се зголеми бројот на заразени.
Според него, ќе бидат потребни некакви ограничувања доколку се зголеми бројот на заразени лица.
Како што истакнал, тој повеќе не ги нарекува маски, туку „бариери за вирусот“.
Ако сакаме вирусот да не не напаѓа, ставајте маски, но сите, повеќе да нема преговори за тоа“, заклучил епидемиологот.
Comments are closed for this post.