Бугарските истражувачки новинари наголемо пишуваат за Цветелина Бориславова, една од најмоќните жени кај источниот сосед. Која е Цветелина Бориславова? Нејзиното богатство се проценува до една милјарда евра и тоа благодарејќи на тесните врски меѓу бизнисот, политиката и тајните служби.
Во Бугарија е најпозната е како жената до Бојко Борисов“ која била во блиски врски, деловни и љубовни, како што тврди новинарот Љубо Зечев. Цветелина со Бојко се запознала во 1992 година и тогаш и двајцата биле во брак.
Меѓу нив пламнала љубов и тие двајцата се разведуваат од своите партнери. Најинтересното е што нивните поранешни партнери се заљубуваат еден во друг и влегуваат во врска, Значи, среќна четворка.
Кога Бојко се искачувал во хиерархијата на бугарската полиција, Цветелина станува сопственик во неколку фирми со сомнителна репутација.
Дури и станале содружници во неколку фирми. Цветелина најмногу пари заработи со продажбата на „СИБАНКА“ која по неколку години ја препродава на исландски фонд и со парите си формира нова своја банка.
Вистинска „мутра“ што би рекле Бугарите.
Comments are closed for this post.