Албанија ја тресе голем скандал откако германскиот„Билд“ објави транскрипти од прислушувани разговори во кои се споменуваат сомнителни ликови поврзани со премиерот Еди Рама и собирање гласови во негова корист.
Главен со тоа е Австрит Авдилај, албански нарко бос кој го контролира бизнисот со дрога во Западна Европа. Отако тој бил пуштен од затвор повторно против него се покренала истрага. Но, секогаш кога Обвинителството планирало против него да покрене обвинение на чуден начин се менувал составот.
Авдилај бил во стална комуникација со градоначалникот на Драч, Вагнуш Дака со цел да обезбедат гласови во корист на Еди Рама за изборите во 2017 година.
Comments are closed for this post.