Чудно, но и од оваа и од таа страна на границата новото име на соседната држава-Северна Македонија, речиси не се коментира. Така е и меѓу ќустендилците. Тие забележуваат дека тоа им се гледа неприродно-„На запад од нас да е Северна Македонија“ – или го користат афоризмот дека во иднина девојките и жените родени во Македонија ќе ги викаат-Северини.
Ова се вели во репортажата на БНР насловена како „Од оваа и од другата страна на границата тешко привикнуваат на името Северна Македонија“.
Во репортажата се наведува дека веќе над 12.000 Македонци имаат двојно државјанство и со адреси регистрирани во Ќустендил или во некои од соседните села. Во градот има и интерпретации дали улицата „Македонија“ ќе треба да се преименува во „Северна Македонија“. Или, пак, натписот на споменикот на револуционерот од националноослободителната борба за Македонија, Тодор Александров, во центарот на Ќустендил: „Се за Македонија“.
Comments are closed for this post.