Партијата за демократска акција (СДА) е подготвена да се откаже од иницијативата за покренување правна постапка за промена на името на Република Српска, доколку владејачката партија во српскиот ентитет во БиХ, Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), во следните шест месеци го промени своето однесување, изјави денеска лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ.
Говорејќи на прес-конференција во Сараево, Изетбеговиќ нагласи дека е свесен оти иницијативата на СДА може да предизвика криза во Босна и Херецговина, но додаде дека никој нема право да ја обвини неговата партија дека предизвикала криза само затоа што „бара правда и вистина“.
СДА вчера најави дека планира да иницира правна постапка за промена на називот на Република Српска, со оценка дека со тое име се „дискриминираат Бошњаците и Хрватите“.
Недвосмислено е јасно дека Бошњаците и Хрватите се граѓани од четврти и петти ред во Република Српска, односно дека со нив се владее, порача Изетбеговиќ.
Меѓу барањата за „промена на однесувањето на СНСД“, Изетбеговиќ го наведе и откажувањето на Бања Лука опструкциите на плановите на Сараево за приближување на Босна и Херцеговина до НАТО, како и од „секојдневното споредување на БиХ со Косово“.
Ќе бараме во се, па и во името на Република Српска, да се внесат и Бошњаците и Хравтите, изјави лидерот на СДА.
Изетбеговиќ, кој е поранешен член на Претседателството на БиХ, порача дека е време да се каже „доста“, бидејќи Република Српска е „базирана на коски на луѓето и на геноцид, а прифатена поради мирот“.
Оставаме простор од половина година да се промени односот на Република Српска и СНСД кон државата БиХ, а СДА е подготвена да ја промени одлуката за иницијативата, потенцира Изтебеговиќ.
Како што вчера јави сараевската телевизија Фејс, СДА планира преку своите претставници во државните институции да иницира постапка пред Уставниот суд на БиХ за преиспитување на уставноста на името на српскиот ентитет.
Според партијата, долгогодишната пракса на органите на власта на Република Српска покажала дека сегашното име на ентитетот „интензивно и ефикасно се користи за дискриминација и исклучување на другите два конститутивни народи“ во БиХ, Бошњаците и Хрватите.
СДА смета дека во една мултиетничка заедница, врзувањето на некое име само за еден народ е во спортивност со Уставот на БиХ и на Европската конвенција за човекови права.
Ваквата идеја на СДА наиде на осуда од страна на претставниците на босанските Срби, но и на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, кој иницијативата ја оцени како „неодговорна и контрапродуктивна
Comments are closed for this post.