Заменик-премиерот на Црна Гора и лидер на партијата на Бошњаците, Рафет Хусивиќ, изјави дека неговата партија не се откажува од барањето на државното знаме покрај златниот орел да се стави и полумесечина.
Сметаме дека со додавањето додавањето на полумесечината, која е симбол на Исламот, ќе испратиме јасна порака дека сме созреале како општество и дека денешна Црна Гора е израз на вистинските европски вредности – изјави Хусовиќ во црногорското собрание.
Тој појасни и дека партијата на Бошњаците од своето основање се залага за промена на државните симболи и дека тие заложби се постојани.
Оваа иницијатива не е наш политички каприц, ниту е политичка трговија, ниту, пак, авантуризам. Таа е содржана во сите конгресни документи на нашта партија – истакна Хусовиќ.
Одредени бошњачки организации соопштија го застапуваат ставот дека постоечките црногорски државни симболи ги загрозуваат националните и верските чувства на бошњачкиот народ. Тие предлагаат симболите да бидат во ведра светлосина боја или, пак, во модрата боја на морето и реките, која би се разлеала по платно со контурите на државната граница.
На ваквите барања одговори високиот функционер на владејачката Демократска партија на социјалистите, Миодраг Вуковиќ, изјави дека повторното отворање на прашањето за државните симболи е непотребно и дека тоа е политичка бесмислица.
Comments are closed for this post.