Претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Њујорк најави дека ги очекува премиерите на Македонија и на Албанија кон средината на октомври во Нови Сад каде ќе разговараат за олеснување на царинските бариери меѓу трите земји.
Ја почнавме идејата за отстранување на царинските бариери на територијата на нашите три држави, Србија, Северна Македонија и Албанија и да се појавиме како блок на држави во нашиот пристап кон ЕУ. За нас е важно, сакаме да формираме еден вид „мал шенген“, дека стоките и производите течат без запирање, што е корисно за економијата на сите земји-изјави Вучиќ.
Comments are closed for this post.