На официјалниот профил на Фејсбук, КФОР најави дека припадниците на оваа мировна мисија во следните денови ќе одржат вежби ширум Косово.

КФОР продолжува со вежбите како би бил подготвен и како би ја гарантирал безбедноста и сигурноста на сите луѓе на Косово, се наведува во објавата на НАТО мисијата на Косово и Метохија.

Дополнително се наведува дека во следните денови ќе има придвижување на некои трупи на КФОР на различни делови од Косово.

Ова е само вообичаена вежба за распоредување и процедури, истакнува КФОР и додава дека ситуацијата и понатаму е под контрола без знаци за можни закани.