Бугарскиот вицепремиер, Красмир Каракачанов, истакна дека бугарската влада се придржува кон потпишаниот договор за пријателство и добрососедство, како и до рамковната позиција потврдена со декларација од бугарскиот парламент.
Без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем заснован на лажни факти, Каракачанов е категоричен, нема начин Бугарија да се согласи да се закаже првата меѓувладина конференција за започнување пристапните преговори за Република Северна Македонија кон ЕУ.
Тој вели дека никој не извршил притисок врз бугарската влада, а германското претседателство досега само го изразило ставот за посредување, доколку е потребно, во разговорите меѓу двете земји, пренесе БГНЕС.
Прво, немало притисок врз бугарската влада. Второ, во разговорите со претставниците на Република Северна Македонија Бугарија го потврди својот јасен став дека сме „за“ членството на Македонија во ЕУ, но веруваме дека договорот од 1 август 2017 година не се спроведува“, рече Каракачанов и даде пример со застојот на работата на историската комисија и публикациите со антибугарски содржини.
Comments are closed for this post.