Доктор Мирсад Пецо, кој беше кандидат на Партијата за демократска акција (СДА) за градоначалник на Травник, почина денеска во болница од последиците на коронавирусот.
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина не може да потврди како ќе постапат во овој случај бидејќи сè уште официјално не добиле потврда за смртта на кандидатот.
Општинската изборна комисија на Травник не можеше да коментира што следи според Изборниот закон на БиХ, бидејќи ова е прв случај на смрт на кандидат за градоначалник на денот на локалните избори, објави порталот Радио Сараево.
Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат локални избори во сите градови и општини, освен во Мостар, каде изборите се закажани за 20 декември.
Comments are closed for this post.