На друштвените мрежи се појави снимка од каменувањето на автобусите во Косово во кои се превезувале православни верници од Белград. Тие вчера се враќаа од посета на црквата Богородица Хвостанска во општината Исток, на 20 километри од Пеќ, Косово, кога дошло до напад врз возилата во кои се превезувале.
На снимката најпрво може да се види како на спореден дел од патот полицијата ги спречува присутните да се доближат до главниот пат како не би довело до напад, а само неколку метри понатаму полетаа камења.
Во моментот кога се приметило дека се спрема каменување, се слуша глас кој им вика на патниците „легнете доле!“
Медиумите во Србија наведуваат дека група Албанци поставиле барикади и чекале верниците да се вратат после поменот, кој на остатоците од храмот го извршил свештено лице од Исток.
Comments are closed for this post.