Јужна Африка е новото засолниште на криминалците од Балканот.Ако во деведесеттите години тоа беа земјите од Латинска Америка, сега тоа е оваа држава „на крајот на светот“.

Се проценува дека на југот на Африка живеат околу 30.000 лица со сомнителни бизниси и валкани мината.

Но, што е тоа што Јужна Африка е толку привлечна?. Мафијата од овие краишта лесно си најде заеднички јазик со тамошните криминалци кои вешто ги кријат од полицијата.

Накит, луксузни часовници, уметнички слики се сферите во кои работата овдешните криминалци во Јужна Африка. Во Африка се кријат или пак одреден период биле таму-убиецот на Аркан Добросав Гавриќ, нарко босот Дарко Шариќ, како и водачите на црногорската мафија.