Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска во Албанија во делот населен со Македонци ќе отвори бугарско училиште.

Овој чекор на официјална Софија доаѓа пред пописот во Албанија на кој се очекува голем број Македонците да сед изјазнат за Бугари поради бугарските пасоши кои им ги даваат.

 

Јотова во Голо Брдо, во селото Големо Острени ќе ја отвори новата учебна година во бугарско неделно училиште, соопшти прес-службата на бугарското претседателство.