Јавниот долг на Србија крајот од април 2019 година изнесувал 23,42 милијарди евра или 51,1 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), објави српското министерство за финансии.

На крајот на март, јавниот долг изнесувал 23,39 милијарди евра, со учество во БДП од 50,9 проценти.

На крајот на 2018 година, јавниот долг изнесувал 23,01 милијарди евра, што претставува 53,8 отсто од БДП.

Најнискиот дел од јавниот долг во БДП бил регистриран во 2008 година, кога изнесувал 26,8 отсто.