По над 72 часа интензивна потрага, попладнево, во провалија длабока 20 метри, беше пронајдено телото на 35-годишната Британка, Натали Кристофер, која исчезна во понеделникот наутро на грчкиот остров Икариа.

Грчката полиција потврди дека пронајденото тело е на исчезнатата астрофизичарка, која заедно со нејзиниот партнер од Кипар престојуваа на Икариа.

 

-Пред малку, копнените сили вклучени во истрагата, во провалија длабока околу 20 метри, во непроодена планинска точка во областа Караме, Агиос Кирикас на Икариа, го пронајдоа телото на 35-годишната државјанка на Велика Британија, соопштија од грчката полиција.

Според првичните информации во Грција, жената била поклопена од карпа што паднала врз неа, а телото било пронајдено, по сигналот од нејзиниот мобилен телефон.