Втора година по ред Бугарија денеска го одбележува Денот на сеќавање и благодарност до оние кои се спротивставиле на нацизмот во Бугарија. Еден од организаторите на настанот е историчарот Стефан Дечев, кој во разговор за БНР изјави дека историското сеќавање треба да ги негира сите форми на тоталитаризам.
Поворката ќе тргне во 14,30 часот од Националната библиотека „Св.св.Кирил и Методиј“ во Софија и ќе ги обиколи куќите во кои живееле Крсто Пастухов, Никола Мушанов, Атанас Буров, Никола Петков, Григор Василев и Г.М.Димитров. и ќе заврши во дворот на црквата „Свети Септаугинта“.
Со настанот им се одава почит на истакнати политичари и државници од блиското бугарско минато, кои се спротивставиле на вклучувањето на Бугарија кон Тројниот пакт.
-Бавно и постепено нешто, што со децении било запоставувано-како пред 10 ноември 1989 година, така и по 10 ноември, започнува да зазема некакво место во бугарското историско сеќавање, изјави Дечев за БНР.
Според него, следува да има европско историско сеќавање поврзано со негирањето на формите на тоталитаризмот, независно од каде доаѓаат тие.
Дечев забележува дека меѓу историчарите нема консензус околу одбележувањето на овој Ден, зашто Бугарската комунистичка партија сакала да ја присвои целата антифашистичка борба.
-Целиот бугарски политички спектар е против нацизмот, против фашизмот, против војната, против вклучувањето на Бугарија во војната на страната на Тројниот пакт и сојузот со Третиот рајх. Наспроти се, сепак, има луѓе кои се позиционираат, вклучително и денешниот бугарски став е некако со официјалната политика и влада на Богдан Филов, што е неточно и најмногу ја дискредитира денешната, модерна европска Бугарија во Европа, изјави Дечев.
Ставовите на Дечев, па и самиот назив на чествувањето го потврдуваат постоењето на нацизмот во Бугарија, што е во спротивност и со официјалната политика на претходната влада на Бојко Борисов и на тврдењето на копретседавачот на заедничката македонско-бугарска историска комисија од наша страна Драган Ѓоргиев.
Comments are closed for this post.