Делта сојот веројатно е пристигнат во Србија, само се уште не е детектиран. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, и најави апликација на третата доза на вакцини.
Страшно се плашам од претстојната есен и страшно се плашам за невакцинираната популација. Веројатно ќе почнеме да ја даваме третата доза на вакцината – рече тој.
Вучиќ исто така вели дека делта сојот коси се пред себе.
Кога ќе пристигне во поголеми размери, се плашам дека нема да имаме соодветен одговор. Во Велика Британија сите се вакцинирани и тие имаат проблем – рече Вучиќ, а пренесува Блиц.
Comments are closed for this post.