Поради инциденти меѓу група демонстранти и полицијата, откажан бил настан на кој требало да говори министерот за образование на Грција, Костас Гавроглу.
Инцидентите се случиле пред средно училиште во Солун каде што имало настан што имал за цел да ги информира граѓаните и учениците за промените за запишување на факултет.
Група од околу 50 лица, членови на ученички и студентски здруженија, родители и професори се обиделе да стигнат до училиштето каде што требало да говори министерот и да му постават прашања на Гавроглу, но биле спречени од полицијата.
Групата не се откажала од намерата и се судрила со полицијата која употребила солзавец и шок бомби. Кусо подоцна, тензиите се смириле, но организаторите решиле да го откажат настанот.
Clashes earlier in #Thessaloniki #17November #Πολυτεχνειο pic.twitter.com/ilF5eJljjt
— Costas Kantouris (@CostasKantouris) November 17, 2018
Comments are closed for this post.