Околу 21 отсто од бугарската економија е се уште во „сивиот“ сектор. Тоа го нагласи денеска Пламен Димитров, претседател на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија.
Според него, во пари тоа значи дека се околу 23 милијарди лева годишно (11,5 милијарди евра).
Податоците на Синдикатот укажуваат дека секторите со највисок дел во „сивата“ економија се сервиси за поправки на автомобили, градежништво, земјоделие и лесна индустрија.
Димитров додаде дека недекларираниот труд во Бугарија е речиси 16 отсто при просек од 11,6 отсто во Европската унија.
Во земјоделието секој втор работи без договор, а во градежништвото делот на сивата економија е околу 40 отсто, изјави тој.
Comments are closed for this post.