Идејата која долго време постоеше конечно ќе се реализира. Во центаротвна Атина ќе се подига споменик на Александар Велики, пишува „Катимерини“. Постаментот за споменикот е веќе поставен на аголот на улиците Амалија и Василисис Олгас.
Статуата е дело на еден од најпознатите грчки скулптори на 20 век, Јанис Папас. Одлуката за поставување на статуа на македонскиот крал во центарот на главниот град беше донесена од општинскиот совет на Атина.
Трошоците за поставување на статуата од 3,5 метри е покриена од семејството на уметникот.
Досега споменик на Александар Велики во Грција имаше единствено на пристаништето во Солун.
Comments are closed for this post.