Прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
Јотова во изјава за БНТ се осврна и на, како што рече, „скеврнавењето на гробовите на бугарските војници во Република Северна Македонија“, оценувајќи дека тоа е „многу долга сага“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јотова потсети дека во 2010 година не само во нивната земја, туку и во Европскиот парламент, бугарската делегација го поставила ова прашање, како и тоа дека имало и мисија во Република Северна Македонија во врска со тоа, во која учествувале европратеници од други држави членки на ЕУ.
– За толку години судбината на воените споменици во Северна Македонија воопшто не се промени, со еден мал исклучок – со споменикот на полковникот Каварналиев, истакна Јотова, додавајќи дека Бугарија има право на ваквата „цврста позиција, која ја зазеде неодамна“.
Comments are closed for this post.