Голем број хрватски институции биле изложени на масовен хакерски напад од почетокот на февруари годинава, за кој се смета дека стојат Руси, објавува „индекс.хр“. За хакерските активности известија и од хрватскиот Завод за безбедност на информациите (ЗСИС) од каде што објавија кратко соопштение со наслов „Предупредување за фишинг (нелегално собирање информации) кампања“.
Во соопштението се наведува дека во неколку институции под нивна надлежност, од ЗСИС ја забележале најновата фишинг кампања која најверојатно се ширела по пат на електронска пошта преку линк што упатува кон злонамерната траница hxxps://postahr.vip/.
Според пишувањето на ЗДНет.ком, специјализиран за дигитални теми, мистериозна група хакери, за коишто се претпоставува дека работат за некоја држава, успешно ги нападнале и заразиле компјутерите во неколку хрватски институции од власта и дека се почнало во февруари, а било откриено дури во април.
Според ЗДНет.ком, нападот бил изведен преку малвер што досега не е забележан, а се вика „Сајлент Тринити“.
Comments are closed for this post.